Докторот Арбен Аголи кој е позитивен на коронавирус, раскажа за ТВ21 како се заразил и каква била неговата реакција кога ги добил резултатите. Аголи по професија е педијатар, а се заразил од пациенти кои дошле на контрола кај него. Брачна двојка која го донела своето дете на Клиниката, подоцна се покажала позитивна на вирусот, по што се заразил целиот медицински кадар во неговата приватна клиника.
„Многу спортски ја примив оваа вест. Знам дека сме лекари на првиот фронт од задачата и секој ден се соочуваме со разни ситуации, не само со вирусите, ние работиме и со други заразни болести, со кожни болести, имаме деца со туберкулоза. Значи на некој начин ние постојано сме под ризик да се заразиме“, вели Арбен Аголи.
Аголи исто така рече дека и покрај тоа што користат маски и ракавици, сепак
резултатите биле позитивни. Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, ја
зема како пример позитивноста на докторот Аголи, уверувајќи дека нема простор
за паника. Ганиу повика да се почитуваат мерките на Владата.
„Бидејќи пред мене говореше докторот, му посакувам побрзо закрепнување и навистина тој треба да биде пример, вечерва звучеше позитивно и беше оптимист дека ќе го надмине овој предизвик. Убеден сум дека тоа ќе биде формула и поука за сите заразени. Народот треба да ги преземе сите мерки за да ја спречи оваа појава“, истакна Висар Ганиу.
Ганиу рече дека општина Чаир ги презела потребните мерки за спречување на вирусот. Како што вели, дезинфицирани се сите јавни институции, вклучувајќи ги и џамиите и црквите.
