Докторите на Инфективна во Скопје работат до 36 часа, мобилната болница е подготвена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е мобилната болница која е поставена веднаш до Клиниката за инфективни болести. Но дали се очекува драстично да се зголеми толку многу  бројот на заразени со Ковид-19 и пациенти да се хоспитализираат во овие шатори?

Инфектологот, Фадил Цана очекува да се зголеми бројот на заразени. Тој рече дека до сега е пополнет половина од капацитетот на Инфективната болница и дека медицинскиот персонал континуирано работи од 30 до 36 часа. Според него, тимот на Инфективна клиника нема да може да се грижи и за пациентите кои ќе бидат примени во мобилната болница.

И министерот за здравство Венко Филипче, исто така, очекува зголемување на бројот на заразени од „Ковид-19“. Тој вели дека пикот ќе биде кон крајот на април. Иако министерот вчера предупреди дека болницата ќе биде готова за функција денес, на нашиот тим не му беше дозволено да снима одблизу и војниците ни кажаа дека не е дозволено снимање сè додека не биде пуштена во употреба.

Клиниката за инфективни болести има околу 110 легла. Со новите случаи што ги објави денеска Министерството за здравство, на овој простор има 59 хоспитализирани пациенти со „Ковид-19“, што значи дека повеќе од половина од болницата пополнета.