„Вчера, всушност синоќа, направив објава на Фејсбук каде им кажав на луѓето дека пушењето го скратува животниот век за 10 години. Еден од оние кои ја прочитаа оваа порака беше Демири и решив да живеам 10 години подолго, еве…“
Докторот Флорим Цуцули од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија, започна кампања против пушењето, кое според него, го скратува животот на човекот за 10 години.
„Овде во Кичево, а сигурен сум и низ Македонија, пушењето е исклучително често. Само ако погледнеме овде на градскиот плоштад, секоја маса во ресторанот има барем еден човек кој пуши. Дека овде во кафулето обично се дружат само мажи. Ова е нешто страшно, ова не го гледаме никаде на друго место во светот. Овде пушењето е толку длабоко во нашата генетика, мора да се бориме со ова, што не е нормално да се пуши и не е нормално толку млади луѓе да умираат од срцев удар. Погледнете во вашите семејства, меѓу вашите пријатели, колку луѓе во Кичево починаа годинава од срцев удар! Дали ова ви звучи како нешто добро?!“, вели Флорим Цуцули
Тој вели дека самите пушачи мора да сфатат колку е штетно пушењето и на тој начин да се убедат да се откажат од цигарите. Исто така, пушачите можат да одат на лекар или психолог.
„Станува збор за една од најлошите зависности, може да се спореди со зависноста со тешки наркотици, како што е хероинот и кокаинот, така е и пушењето. Но се знае дека може да престанеш да користиш и дрога откако ќе имаш убедување и потребна помош. Кај пушењето често доволно е и убедувањето но понекогаш е потребно и помош од друштвото. На пример невозможно е сопругот да престане со пушење, а жената да продолжи со пушењето или спротивното“, додава Цуцули.
За цигарите ги прашавме и граѓаните. 80 годишен граѓанин ни рече дека не пуши и верува дека ќе живее уште десет години поради здравиот начин на живот.
Неколку граѓани со кои зборувавме исто така сметаа дека пушењето го скратува животот.
Прашан за електронските цигари, кои се во тренд во последно време, лекарот Цуцули вели дека се уште не се направени анализи за да се оцени дали прават штета на организмот долгорочно, но според него, трдиционалните цигари остануваат најопсани.
