Промоцијата од 2,99 лева (околу 93 денари) за шише масло доведе до огромни редици во многу продавници во Бугарија, јавува БТВ.
На некои места имало и тепачка, а според медиумите, седумдесет и четиригодишен маж починал во Бургас додека чекал да дојде на ред. И покрај тоа, граѓаните останале да бараат и купуваат масло во продавницата.
Коментирајќи ја ситуацијата, министерот за транспорт на Бугарија на својот Фејсбук профил напиша дека „граѓаните мора да се борат за земјата, а не за маслото“
Во продолжение видеа:
