Долги редици кај ПС „Пролет“ – граѓаните: Документите се валидни, државата треба да ги покрие трошоците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десетици граѓани чекаат на ред пред полициската станица „Пролет“ за да се фотографираат без термин за замена на личните документи со новото име на државата, Северна Македонија. Бидејќи денеска е сабота, а граѓаните не знаат дека овој пункт работи, редот е пократок, но во работните денови чекаат и по 100 граѓани и тоа до четири часа.

Граѓаните сметаат дека државата треба барем да ги покрие трошоците за замена на документите, бидејќи тие што ги имаат се уште важат.

Инаку, овој пункт за фотографирање без термин работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, а во сабота и недела до 16:00 часот. Личните документи како пасоши, лични карти и возачки дозволи, кои се уште се со име Република Македонија, важат до 12 февруари 2024 година.