Долговите кон банките ги плаќаме по 20 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Годишниот раст на кредитите изнесувал 7 отсто што претставува забрзување на кредитирањето во однос на март (6,8 отсто). Ова забрзување е резултат на олеснувањето на кредитните услови кое, според Анкетата за кредитна активност, банките прогнозираа дека ќе се случи во вториот квартал од оваа година, пишува Блумберг Адриа.

Најголем дел од кредитите на населението се потрошувачки, а следните се станбените кредити. За овие два продукти, каматните стапки забележаа олеснување уште во првиот квартал од годината. Олеснување имало и за обврските за обезбедување на станбените кредити како и провизиите што се плаќаат.

Следната недела седница ќе одржи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. По одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за намалување на депозитната стапка за 25 базични поени, очекувањата се дека монетарното олабавување ќе почне и во земјава.

Податоците на НБРМ покажуваат дека стапката на нефункционални кредити во вкупното кредитно портфолио кај секторот население, има тенденција на раст во последните три години, но сепак таа е ниска.