Американскиот претседател Доналд Трамп има позитивен тест на коронавирус. Има благи симптоми, но вечерва ќе биде однесен во болница, каде ќе остане неколку дена, јавуваат американските медиуми.
Според информациите од Белата куќа на кои се повикува Си-Ен-Ен, хеликоптер вечерва слетал во Белата Куќа.
Од утринава Трамп имал покачена температура. Лекарот во Белата куќа кажал дека претседател е само изморен. Си-Ен-Ен јавува дека добил доза на лекови како знак на претпазливост.
Позитивна е и неговата сопруга Меланија која исто така има благи симптоми.
Неговиот противкандидат Џо Бајден, со кого беа на ТВ дебата, е негативен на вирусот.
