Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева на завршување на војната со Иран, додека „Аксиос“ објави дека тој се очекува во вторник да се сретне со лидерите на земјите од Персискиот Залив, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Неговите изјави доаѓаат во период кога војната со Иран влезе во седмиот месец, а нејзиниот крај сè уште не е на повидок.
„Аксиос“ синоќа објави дека средбата на Трамп со лидерите на земјите од Персискиот Залив, која се очекува да се одржи следната недела во Њујорк, ќе биде фокусирана на плановите на САД за стратегијата по завршувањето на војната. Медиумот се повикува на анонимни извори.
Во извештајот се наведува дека Трамп ќе се сретне со лидерите или министрите за надворешни работи на земјите членки на Советот за соработка на Заливот (ГЦЦ): Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман.
Стејт департментот и Белата куќа не одговориле на барањата за коментар.
Растот на цените на нафтата и гасот како последица на војната на САД и Израел против Иран стана значајно прашање за Републиканската партија на Трамп, пред конгресните избори во ноември.
