Донирајте коса за децата заболени од канцер! Бесплатен престој и психолошка поддршка за родителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе две години функционира родителска куќа за родителите на децата кои се лекуваат на хематоонколошкиот оддел на Детската Клиника , а се наоѓа во самиот Клинички центар. Опремена е со четири апартмани со сопствени купатила. Посетителите добиваат и бесплатна храна и хигиенски услови. Целта е да им се овозможи на родителите кои се од други градови бесплатно да престојуваат, да бидат близу своите деца, но овде добиваат и психолошка поддршка од деца -волонтери излекувани од канцер.

Една од нив е 24 годишната  Андријана која е дипломиран економист.  На 12 години и била дијагностицирана остеосиркома. Лекувањето кое траело една година го започнала на Клиниката за детски болести во Скопје.

-Протоколот ми започна најпрво со хемотерапии, три месеци примав хемотерапии  и потоа сосгласно изборот за најдобро лекување кој беше на моите родители, избравме да се лекувам во Шведска. Таму операцијата беше комплетно усшешна и ми даде нормалност која не верував дека ќе ја иамм да не го направев тој избор-вели Андријана, волонтер во САНО.

Во ист ден со Андријана и Теодора ја примила првата хемотерапија на 10 годишна возраст, а сега веќе е дипломирана на Медицинскиот факултет во Скопје.  Таа се лекувала од леукемија на Клиниката за детски болести во Скопје. Многу важна е психолошката поддршка вели таа што ја добиваат овде родителите нешто што го немало кога таа се лекувала. Родителите се подготвени да соработуваат.

Додека се лекувавме ние , јас и Андријаан бидејќи се лекувавме во ист период ја немавме таа можност волонтери и психолози да ни пружат психолошка поддршка. Имаше една г-ѓа која доаѓаше психолог, но јас бев помала и не ја примав таа поддршка , бидејќи психолог го поистоветував со психијатар.“, рече Теодора.

Летото е одличен период да си олесните сабе си и да ја скратите косата велат тие,  на децата на хематоонколошкиот оддел посебно ќе им значи на кои им опаднала нивната од хемотерапиите. Голем е интересот за оваа акција на „САНО“ до сега  донирани се 300 коси од цела Македонија, а најмногу од Радовиш. Напоменуваат дека косата можете да ја скратите и сега ако се одлучите да се приклучите на акцијата, а да ја донирате од септември. Од 20-25 деца годишно се лекуваат на Клиниката за детски болести на хематоонколошкиот оддел.