Досега во светот потврдени над 121 милиони случаи на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од почетокот на пандемијата во светот се потврдени 121,323,048 случаи на заразени со Ковид-19, а во моментов се активни 20,801,317 случаи, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на „Worldometers“.

Од вирусот корона починале 2,683,455 луѓе, а се опоравиле 97,838,276 лица.

САД имаат најголем број на потврдени случаи на инфекција – повеќе од 30 милиони, Бразил повеќе од 11,5 милиони, Индија повеќе од 11,4 милиони, Русија повеќе од 4,4 милиони и Велика Британија повеќе од 4,2 милиони.