Граѓаните на Тетово вечерва излегоа масовно на протест против поскапувањето на електричната енергија.
Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и организаторот на протестот, Аријанит Џафери кој истакна дека бараат да се намали струјата за 20 отсто бидејќи во време на пандемија тоа го направиле неколку други држави ширум Европа.
„Прво регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании“, истакна Џафери.
Тој посочи дека бараат да се укине и Регулаторната комисија на енергетика, бидејќи како што вели, им служи само на корпорациите и нивниот интерес.
