„Време е да ги тргнеме суетите и за Македонија да играат само најдобрите“, вели Пандев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Треба еднаш засекогаш да ги тргнеме суетите, и за репрезентациите, особено младите, да играат најдобрите деца“.

Ова го изјави легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21.

На прашањето дали тоа уште го има во националните тимови, Пандев одговори:

„Јас кога играв, имаше да се повикуваат деца така да кажам со врски. Меѓутоа сметам дека сега тоа го нема и дека сега во моментов треба да се стави фокусот да бидат повикувани само оние кои заслужуваат. Јас имам младинска школа, и навистина сум сведок дека во националните тимови не играат најдобрите. Тоа треба да престане и време е да се стават сутетите на страна и да играат најдобрите деца“, вели Пандев.