Невреме, обилни врнежи од дожд и силен ветер се очекуваат во текот на денешниот ден, предупредуваат метеоролозите.
Времето ќе биде нестабилно, со грмежи и услови за појава на невреме во некои региони.
Според прогнозите, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, проследени со поројни врнежи, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и можност за појава на град.
