Дожд, снег и ветер во текот на денот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад врнежи од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м 2 ).

Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од понеделник и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.