Отстранета плочката со натписот “Дарданус”. Ќе се изгради зградата!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Оваа област се наоѓа во Карпош, Скопје. Тука наскоро ќе се гради петкатница. Но, како што може да се види од снимките, ова е археолошки локалитет богат со артефакти кои датираат векови наназад. На екипата на ТВ21 и денеска не ѝ беше дозволено да снима од блиску, но снимките покажуваат дека на местото работат археолози. На ова место е пронајдена и плоча со натпис „Дарданус“.

-Екипата на ТВ21 и денеска се обиде да влезе на местото каде се пронајдени плочите со натпис „Дарданија“ и уште неколку други предмети, меѓутоа не ни беше дозволено да снимаме, со изговор дека станува збор за приватен имот-вели репортерката на ТВ21.

Историчарот, Музафер Бислими, вели дека согласно законот доколку и на приватен имот се пронајдат артефакти важни за културата и историјата на народите, тогаш изградбата мора да биде стопирана.

-Како и во целиот свет, така и во Северна Македонија постои закон кој вели дека без оглед дали земјиштето е на инвеститорот или не, доколку на приватен имот бидат пронајдени артефакти важни за културата и историјата на народите кои живеат во Република Македонија, тогаш изградбата веднаш се прекинува и се известува Агенцијата за културно наследство, која е повикан орган за ова-рече Бислими.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Аријан Асланај, синоќа по барање на ТВ21 го посети местото и вети дека плочата со натписот „Дарданус“ ќе биде испратена во археолошкиот локалитет „Скупи“. Меѓутоа, како што се чини, на ова место има голем број артефакти. Но, ако локалитетот изобилува со толку многу артефакти поврзани со историјата на народите што живеат во Македонија, а се на приватна сопственост, тогаш изградбата може целосно да биде стопирана.

Со реакција се јави и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

-Загрижувачки е тоа како може „сопственикот“ кој ги изведува работите да не им дозволува на медиумите да направат снимки со образложение дека станува збор за „приватен имот“, иако добро знае дека станува збор за некрополата на Скупи. Затоа, бараме да излезат јавно сите институции кои издале дозвола за ваква градба и да бидат стопирани сите градежни активности од каков било карактер во делот на античкиот град Скупи-изјавуваат од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Асланај денеска заедно со косовскиот амбасадор го посетија местото, а плочата со натпис „Дарданус“ беше испратена во некрополата на Скупи. Асланај, за утре најави и прес-конференција.