Патничкиот авион, кој сообраќа на релација Москва-Амстердам, беше испратен назад кон Москва откако испрати сигнал за помош.
Нејасно е зошто авионот одеднаш го смени правецот, но во моментов се враќа на аеродромот од кој полета.
Патнички лет AFL2694, кој патувал од Москва кон Амстердам, испратил сигнал за помош, според „Flightradar24.com“.
Ербасот А320 полетал од меѓународниот аеродром Шереметјево во 14:50 часот по локално време. Сепак, по 20 минути лет, авионот ја смени рутата и започна да се враќа во Москва.
