Драма со среќен крај на скопски КАРИЛ, јавната благодарност од Владимир Бужаровски испратена до OFF.net.mk ја пренесуваме во целост:
Здраво Трендо, би те замолил доколку не ти пречи да ја објавиш следнава јавна благодарница. Јас и моите три сина ќе останевме без сопруга и мајка, но карил не го дозволи тоа. Затоа и сакам вака јавно да им ја изразам мојата огромна благодарност:Би сакал да изразам огромна благодарност до д-р спец. Маја Мојсова Мијовска, раководител на Клиниката за Анестезија, Реанимација и Интезивно Лекување (КАРИЛ) и целиот тим за исклучителната стручност, огромниот ангажман, пожртвуваност и професионалност која и беше пружена на мојата сопруга во текот на лекувањето.Што и да се напише е премалку и прескромно за тоа што го направија д-р спец. Маја Мојсова и целиот медицински персонал за мојата фамилија. Тие луѓе невозможното го претворија во возможно кога надежта беше сведена на минимум.Исто така благодарност до абдоменалниот хирург д-р Зоран Караџов кој беше клучен дел од нашето чудо.Со почит и неизмерна благодарност Владимир Бужаровски
