Тројца државјани на Србија, меѓу кои и две и полгодишно дете, се спасени во синоќешната акција во која учествувале членови на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа на Црна Гора. Тие во раните утрински часови со кајак испловиле од Чањ кон плажата Краљичина, а по потрагата која траела повеќе од два часа, вечерта околу 22 часот и 40 минути биле пронајдени на плажата Везирова.
„Поради долгиот престој на море, детето било во состојба на хипотермија, поради што веднаш по спасувањето било предадено на тријажа на Итна медицинска помош. Потрагата била отежната од лошите временски услови, поради што Авионите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Црна Гора беа на готовс, а во акцијата за пребарување и спасување учествуваа и припадници на секторот за гранична полиција“, се вели во соопштението од црногорската полиција.
Во 20 часот и 28 минути до Центарот за поморско оперативно работење дошло до повик дека три лица, двајца возрасни и едно дете, испловиле со кајак во утринските часови од Чањ кон плажата Краљичина и не се вратиле.
Управата за поморска безбедност веднаш испрати спасувачки чамец кој исплови од пристаништето Бар и брзо започна потрага во областа Чањ – Дубовица – Буљарица – Петровац – Перазица. Временските услови не беа поволни за операцијата за пребарување и спасување, бидејќи јужниот ветер се засили, дождот ја намали видливоста, а чамецот се движеше многу блиску до карпестиот брег.
Вториот спасувачки брод САР-1, со екипаж и членови на Секторот за гранична полиција – ЈУГ, испловил и започнал потрага од Маљевиќ до Чањ, каде припадниците за заштита и спасување се качиле на чамецот и сите заедно започнале потрага.
„Во 22.42 часот спасувачкиот брод САР-1 ги забележал изгубените лица на плажата Везирова, а самото спасување било извршено со капење, по што итно со чамец биле пренесени во Бар, каде сите три лица се предадени на Институтот за итна медицинска помош за тријажа. Акцијата е спроведена во многу тешки временски услови и во согласност со Националниот план за пребарување и спасување на море, каде што активно беа ангажирани сите ресурси на Црна Гора“, соопштија од УПСУЛ.
