Драматичен пожар во Хрватска: Оганот се приближува кон куќи и училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во четвртокот наутро кај Жрновница во Хрватска, на ридот над населбата Аљиновиќи, избувна пожар при што изгореа остатоци од борова шума во близина на поранешната воена база, училиште и куќи.

Гаснењето на пожарот го отежнува силниот ветер кој предизвикува ширење на пожарот, а на помош била повикана и противпожарната единица.

Бил испратен и авион за гасење пожари, но набрзо си заминал затоа што немало ефект од него, односно поради силниот ветер била загрозена неговата безбедност.

Пожарот и натаму не е под контрола.