Драматично во Шпанија: За 24 часа 462 починати, над 4.500 новозаразени, премиерот Санчез: „Ова е војна!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанското министерство за здравство информираше дека во изминатите 24 часа дури 462 лица починаа од коронавирусот во земјата, со што вкупната бројка на починати се искачи на 2.182 лица.

Заболени се над 33.000 лица во Шпанија, само 4500 во изминатите 24 часа.

Шпанскиот премиеро Педро Санчез истакна дека „најлошото дури сега доаѓа“.

„Ова е војна!“, рече Санчез.