Дрога, крв, корупција и бизарни тенденции на Александар Вучиќ! – Од 9 февруари ексклузивно на See-politics.com!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истражувачкиот портал See-Politics.com најавува сторија посветена на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тие пишуваат дека пред извесно време долгогодишен учесник и сведок на настаните во Србија се обратил до нив со шокантни информации и подароци за режимот на Вучиќ.

Откако се увериле во документацијата која ги покрепува овие наводи, сепак решиле целата приказна да ја објават јавно, но поради безбедност на нивниот соговорник, вистинското име нема да биде објавено.

Во текстовите ќе стои кодното име Лауфер, а сторијата со ексклузивното признание на сведоците на врвот на српскиот режим во претходните 10 години, како и признанието што ќе го урне режимот на Александар Вучиќ ќе може да го проследите во наредните недели само на порталот See-politics.com.