На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје започна поставувањето на дрвени куќарки во кои ќе се продаваат новогодишни украси, храна и пијалоци.

Имено, претходно од Град Скопје истакнаа дека оваа година поради состојбата со коронавирусот нема да има прослава на плоштадот.


