Државата да прогласи кризна состојба, а локалните власти да „штанцаат“ дозволи за фотоволтаици, бара бизнисот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Компаниите бараат елиминирање на административните пречки за да инвестираат во фотоволтаици. Сметаат дека Владата може да го зајакне енергетскиот сектор со прогласување кризна состојба. Неизвесноста што ја наметна руско-украинскиот конфликт и нпредвидливоста на ситуацијата, предупредуваат, може да доведе до нивно затворање и до отпуштања на вработените.

Како што беше речено денеска пред средбата на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со претседателите и потпретседателите на регионалните комори при Комората, ако некои компании плаќале по 800 000 денари струја, сега плаќаат два милиона денари, додека има и такви чии сметки биле плажале по 100 000 вра, а сега се 300 000 евра и застануваат со производство.

Според бизнисот, во овој момент капиталот и ликвидноста се најважни – мора да се носат паметни одлуки, зашто се работи за преживување. Државата треба да ја разгледа можноста до крајот на годината да не ги зголеми даноците и другите давачки кон компаниите. Мора да се задржи и извозот и во тој сегмент да се обезбедат директни стимулации, без никакви посредници и провизии. Сериозен заканувач е и инфлацијата.

Комората предупредува и дека допрва следува одливот на работна сила кон туристичките дестинации, што ќе биде дополнителен проблем за бизнисот и причина за ослабнување на нашиот пазар.

Капиталот, порачува Комората, е оној што во овој момнент може да успее заедно со административните институции да ја надмине кризата.

-Знаете како оди постапката за издавање дозволи за фотоволтаици пред административните органи. Со прогласување поинаква, кризна ситуација, Владата може да го зајакне секторот, да направи нешто што би им помогнало на компаниите побрзо да дојдат до дозволи, да можат да се приклучат на системот пред доаѓањето на зимата кога енормно ќе им се зголемат трошоците. Приоритет би ставиле на ова прашање зашто би дало најбрзи ефекти. Тука ќе бидат убедувањата во наредниот период, потенцира Азески.

Според него, ова не е време за големи стратегии.

-Ова не е време ниту за промена на стратегии, туку е време на преживување. Никој не може да предвиди што ќе се случи со цената на гасот и енергенсите ако продолжи руско-укрианскиот конфликт, никој не знае ни колку ќе трае, а тоа доведува до тешка неизвеност. Можно е фирмите да почнат да се откажуваат од инвестициските активности, а потоа и од работните места, па и да затворат. Излезното решение е да и помогнеме сите на државата, но да видиме дека и државата сака да си помогне себе си. Партнерски може да се надминат проблемите. Ќе ги оставиме суетите на страна, се работи за преживување, не можеме да ги дигнеме на рамо фабриките и да ги изнесеме, иако сега веќе и нема каде да ги преселиме Сега треба да се свртиме кон капиталот, кон работникот кој е составне дел на тоа милје, без него не можеме ништо да правиме, но сега капиталот треба да каже каже со скромна поддршка може да оствари најголеми ефекти, подвлече претседателот на Комората.

Претседателката на Регионалната комора – Прилеп Ирена Јакимовска е децидна дека компаниите се подготвени да инвестираат во фотоволтаици, но имаат административни пречки од локалните власти.

– Ги замолуваме локалните власти да „штанцаат“ дозволи во секој момент, за да можеме да инвестираме и да надминеме барем еден дел од кризата. Сега е најбитно да ја задржиме ликвидноста, а така ќе ги задржиме и вработените. Летото е речиси завршено, есента е неизвесна, но полека, заеднички, да сфатиме дека сите сме на истата страна од реката, да донесеме паметни одлуки, да сфатиме дека сите треба да се потпреме на сопствените сили, да ги максимизираме ресурсите за надминување на сите предзивици, изјави Јакимовска.

Таа повтори дека сега, клучна цел на бизнисот е ликвидноста и задржување на вработените.

-Најмалку сакаме да ги изгубиме вработените и да го продадеме лесно она во што сме вложувале. Во овој момент е потребна голема колективна свест и заедништво. Капиталот е оној што ќе успее заедно со административните институции да ја надмине кризата. Треба да сме свесни за големината и вредноста на капиталот. Ако имаме економска криза, доволно е да ја кренеме главата и да видиме дека имаме ресурс – сонцето, барем едне дел од кризата, енергетскиот, можеме да го надминеме, рече Јакимовска, додавајќи дека и банките би можеле да помогнат во однос на ликвидноста на компаниите.

Споре неа, сите избрзани одлуки од Владата кои се носат, посебно во делот на Законот за работни односи, треба да бидат паметно ревидирани,  без да направат штета на компаниите.

-Само работата и пласманот може да не спасат од ваква ситуцаија. Европа има потреба од производствени капацитети на овие простори и тоа треба да го искористиме како предност, укажа Јакимовска.

Претседателот на Регионалната комора – Битола Митко Велковски смета дека Владата мора директно да инвестира во стратешки компании, пред се од аграрот и прехранбената индустрија, во делот на енергијата, како што прават Србија и БиХ.

-Ние велиме, дајте стимулација барем да плаќаме 120 евра, а не 250 евра. Пелагонија и Преспа се многу загрозени компании, во најтешка состојкба, да не кажам во кома. Затворија дел од производството, работат само она што им е договорено. Наместо да растеме, не можеме да правиме ни развој, зашто дури и опстанокот зависи од кризата. Како Комора од декември се обраќаме до Владата за мала поддршка во делот на енергијата и струјата, но за жал, иако ни е ветено, немаме ништо добиено. Изложени сме на преживување. Владата мора директно да инвестира во стратешки компании, пред се од аграрот и прехранбената индустрија, рече Велковски.

Стопанската комора најави дека на денешниот состанок ќе се предложи тело кое директно ќе делува во насока на надминување на приоритетните проблеми, но ќе се дефинираат и предлози за компаниите „да не потонат“.

Според Азески, за утре е закажама средба со сите 17 зруженија на Стопанската комората по што ќе следува разговор со Владата.