Државен завод за ревизија: Дел од надоместоците на СЈО биле незаконски исплатени во износ од 4,6 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Заводот констатирал дека во периодот од јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принцопот на тајност се исплатени вкупно блиску 283 илјади денари. За овие средства ревизијата не успеала да обезбеди соодветен законски критериум.

Државниот завод за ревизија, на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, изврши ревизија во СЈО на тема Плати и додатоци на плати и други надоместоци во ЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

Во извештај се нотира  дека додатоците на плата за 2015 година коишто се предвидени за јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатените средства за основната плата по лице. 

Ревизорските наоди кои се однесуваат на остварувањето на правото на други надоместоци произлегуваат од прибавени информации кои имаат степен на класификација поради што ДЗР согласно член 29 од Законот за државната ревизија изготви посебен извештај, согласно Законот за класифицирани информации, а висината на исплатените средства по овој основ изнесуваат 282.896 илјади денари. 

–Врз основа на извршената ревизија, утврдивме дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и  исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти. Со релевантната законска регулатива и интерните акти, стои во заклучокот на ДЗЕ за извршената ревизија. 

Ревизорите исто така утврдиле дека освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти.