Фазли Аметовски до пред неколку недели работел како сточар во Италија, но сега останал без работа. Три месеци престојува кај негов пријател чекајќи да се врати.
„Чував овци, сега сум без работа и само седиме. Без документи не не задржа газдата. Но не е работат што нема летови, туку нема автобуси“, истакна Фазиљ Аметовски.
Во исчекување е и дрварот Кадир Муставов кој е без работа.
„Како останав овде, требаше да обновам некои документи и останав, ме фати кризата. Работев со дрва но заврши работата со дрва. Сега чекам вести да се вратам дома. Чекам вести од Амбасадата, се уште ништо нема“, посочи Кадир Муставов.
ТВ21 контактираше и со други лица кои не сакаа да зборуваат пред камера. Ни кажаа дека се во тешка економска состојба поради кризата, некои други ни кажаа дека имаат здравствени проблеми, но и со туристи кои останале блокирани во Италија.
За нивната мака, многу државјани од Македонија контактирале со Шериф Нуредини кој управува со здружението Орел во провинцијата Брешија, но вели дека од Конзулатот му рекле дека во моментов нема можност за патување кон татковината.
„Контактиравме многу пати со Конзулатот на Македонија но и тие чекаат од Владата на Македонија која треба да даде дозвола но од Влада на Македонија не е издадена дозвола за други патувања за во татковината“, вели Шериф Нуредини .
Ова го тврди и Фелеки Бејрулов од провинцијата Торино.
„Единствениот официјален одговор од Конзулатот на РСМ е дека се уште наме никакво организирање, ниту со авион, ни со автобус ни со приватни автомобили, значи помошта од државата за нас е нула“, рече Фелеки Бејрулов.
Вицепремиерот Бујар Османи во ТВ21 рече дека со конвои со автомобили не е дозволено поради проблем со минување транзит во Србија, но кажа други опции.
„Со автобуси кои ги средуваме ние како држава, ги финансираме ние. Со авиони кои можат да одат до Софија и јас им препорачувам на луѓето кои можат да најдат билети до Софија, нека дојдат до Софија, потоа со автобуси ги земаме од граница и ги носиме во карантин“, порача Бујар Османи.
Бејрулов вели дека ниту ова не можат да го направат бидејќи треба дозвола за движење која ја издава дипломатското претставништво на Македонија, а истото не одговара.
„Кога станува збор за движење, за враќање дома, се издава писмо од Конзулатот на Македонија, значи луѓето за да патуваат со авион имаат потреба од поддршка на Конзулатот. Конзулатот не дава никаков одговор. Г. Бујар Османи вели дека е можно. Ние не знаеме каде да се обратиме“, додава Фелеки Бејрулов.
ТВ21 се обрати до МНР со барање за конкретен одговор зошто не се организира четврт конвој од Италија, каде заглавила работата и кој е одговорот од Амбасадата,но не добивме никаков одговор. Неофицијално се дознава дека бројот на тие што бараат да се вратат е околу 300.
