Државјанин на БИХ „фатен“ со 50 килограми кокаин во Италија вреден 5 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

49-годишен државјанин на Босна и Херцеговина е уапсен откако во неговиот камион биле пронајдени дури 50 килограми кокаин чија улична вредност се проценува на пет милиони евра, јавуваат италијанските медиуми.

Полицијата го запрела во општина Регело при рутинска контрола на автопат, по што решила да го прегледа возилото. Во кабината, зад креветот на возачот, пронашле пет кеси со вкупно 50 килограми супстанца за која подоцна е утврдено дека е кокаин.

Мажот се обидел да сокрие огромно количество дрога во кабината на својата приколка, држејќи ги пакетите што е можно поблиску до себе. Ги сокри зад креветот на преклоп.

Не им требаше многу време за да го откријат тешкиот товар: зад возачкиот кревет нашле пет проѕирни пластични пакувања. Секој содржел по десет килограми супстанца за која по тестирањето било потврдено дека е кокаин, како што полицијата веднаш се посомневала.

Возачот од БиХ, по наредба на обвинителот од Фиренца, веднаш бил однесен во затворот Прато, каде ќе се чека понатамошна правна постапка.