Државниот врв со честитки за празниците – посакаа спокој, здравје и среќа за сите граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот врв на сите граѓани на Северна Македонија им честиташе Божик и Нова Година. Претседателот Стево Пендаровски посака во 2024 да имаме добро здравје и сите заедно да делиме добро и лошо.

„Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни, и како поединци и како општество. Да ги надминеме недоразбирањата кои со години не држат на едно место. Искрено, посакувам во 2024 пред се да не служи здравјето. Без разлика на етничката, политичката, религиозната, родовата или било каква друга припадност, сите живееме под исто небо, дишеме ист воздух, заедно го делиме доброто и лошото“, напиша Стево Пендаровски.

Премиерот Ковачевски посака здравје, среќа, мир и спокој. Им се заблагодари на сите вработени кои ќе бидат на своите работни места за време на празниците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери посака 2024 да биде нова страница која ќе испишува само позитивни дејствија.

1 јануари од новата 2024, Божик, односно 8 јануари ќе бидат неработни денови за сите граѓани на Северна Македонија. 6 јануари, Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.