„Се наоѓаме на крај на една година која ја обележиме по многу нешта, со убави прашања, но за жал и со тажни моменти за сите нас“, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Сепак, во сета своја тешкотија, времето на пандемијата ни докажа најдобро дека сите дишеме ист воздух, дека сите нè грее едно исто сонце и дека само обединети и еднакви можеме да триумфираме“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Сѐ уште има десетици илјади граѓани без државјанство. Бугарското вето беше резултат на екстремна несериозност од страна на Владата и премиерот, кој се однесува несериозно во однос на Договорот за добрососедство, кој го потпишаа со соседните земји“, посочи лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
„2020 беше година на предизвици за Движењето Беса. Во 2020 година Беса направи храбар чекор со предизборна коалиција, коалиција која овозможи Република Северна Македонија силно да продолжи со својот пат кон НАТО и Европска Унија“, истакна лидерот на Движење Беса, Биљал Касами.
„Со менување на годишните времиња, посакувам Новата година на вас и вашите семејства да ви ја донесе долгоочекуваната нормалност, нови радости и достигнувања, на сите да ни донесе среќа и успеси“, порача Мендух Тачи.
