Дудуш: Одлучивме да одиме со ДУИ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ни нудеа само директорски места, тоа е потценување за ромите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Сојузот на ромите Курто Дудуш, во 10МИНУТИ на ТВ21 објасни зошто се решиле да одат во коалиција со ДУИ, а не со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ.

„Бевме во преговори и со други, но тие ни нудеа само директорски места. Сметаме дека тоа е поцетнување на ромите. Затоа се одлучивме за ДУИ и целиме и кон извршната власт, односно позиции министер и заменик министер“, рече Дудуш.

Дудуш во студиото на ТВ21 кажа дека бил избркан од СДСМ.