ДУИ во Сарај побара транспарентност од раководството на Општината и Јавното комунално претпријатие Сарај во врска со наводите за кражба на финансиски средства од јавното претпријатие. Портпаролот на огранокот, Февзи Ебипи, побара целосна истрага и институционална одговорност доколку се утврдат пропусти во безбедноста и управувањето со јавните средства.
Тој прашува дали безбедносните камери и системот за контрола на влез и излез во објектот биле функционални во моментот кога, според тврдењата, се случил настанот. Дополнително, прашува зошто обезбедувањето не било на своите работни места и кој ќе сноси одговорност за тој пропуст.
„Колкав е износот на финансиските средства за кои се тврди дека се одземени и врз која правна основа тие средства биле чувани во канцеларијата на директорот? Дали е вистина дека во ЈКП Сарај биле чувани финансиски средства над максимално дозволениот лимит на благајната, спротивно на член 183 од Законот за платежни услуги и платни системи? Како е можно една јавна институција да има толку слаб безбедносен систем, со што е доведен во ризик јавниот имот?“, праша Ебипи на прес-конференција.
