Демократската унија за интеграција реагираше на обвинението на Обвинителството против осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи го како политичко и селективно обвинение.
Од партијата велат дека по две години истрага, јавноста треба да знае врз кои конкретни докази и аргументи е подигнато обвинението, а бараат целосна транспарентност на процесот и меѓународен надзор над случајот.
ДУИ нагласува дека ја почитува независноста на правосудните институции, но бара еднаква примена на законот, правична постапка и правда независна од политички влијанија, тврдејќи дека не постои ниту еден доказ или факт врз кој се темели обвинението.
