Најавата дека албанските партии на парламентарните избори ќе се натпреваруваат во два блока се чини дека се остварува. Ако опозицискиот блок успеа да обедини четири партии, блокот на Европскиот фронт ќе обедини пет. Како главен носител на листата од европскиот фронт ќе остане Демократската унија за интеграција, а на листите, како што неофицијално се дознава, во комбинација се Алијансата за Албанците – крилото на Села, Европската демократска партија, Народното движење и Албанската демократска партија.
Како што неофицијално дознава ТВ21, во првата ИЕ носител на листа ќе биде Блерим Беџети, додека втор Скендер Реџепи – Зејди од Народното движење, иако истиот пред неколку дена за ТВ21 изјави дека се уште траат разговорите за коалицирање, но додаде дека ќе се формира широк политички блок, додека во телефонски разговор Блерим Беџети рече дека раководството на партијата многу брзо ќе одлучува за листите. Беџети вели дека тој лично не побарал да биде носител на листата, но дека е подготвен на таква одговорност.
Со втората изборна единица се очекува да предводи Садула Дураку или Илир Хасани. Втор на листата се очекува да биде Елми Азири од АА, а потоа Дијана Тоска и Арбр Адеми од ДУИ.
Во ИЕ број 5 се чини дека нема да има многу дилеми. Носител на листата се очекува да биде Зијадин Села од АА, додека зад него се очекува да се најде Муса Џафери од ДУИ.
ИЕ6, неофицијално, ќе ја води првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. По него ќе биде Талат Џафери, додека трета по ред се очекува да биде Илире Даути од АА. По нив следуваат ДПА, Арјанит Хоџа од ЕДП, Ваљдет Џафери од ДУИ и Илир Демири од АА.
На прашањето дали ќе бидат дел од листите во ИЕ6, Џафери и Адеми велат дека за тоа одлучуваат партиските органи.
Џафери: Тоа не е прашање со кое ќе се занимавам, ќе прашате во партиските органи. Што ќе одлучат е работа на органите.
Адеми: Што се однесува до листите, тие зависат од коалициите. Тие се поврзани едни со други.
-Во ИЕ.2 вие сте носител или некој друг?
Адеми: Ова е работа на партиските органи. Тие ќе оценат како да одлучат.
Арјанит Хоџа од ЕДП, пред неколку дена за ТВ21 исто така рече дека се уште нема ништо конкретно во однос на позиционирањето, но дека се на пат да финализираат победничка коалиција.
Инаку, како што претходно објави ТВ21, АА, крилото на Села, бара од ДУИ некаде меѓу 3 и 5 пратеници за да одат на заеднички листи, а тоа е претерано барање за дел од ДУИ. Изворите велат дека се обидуваат да го убедат претседателот на партијата дека е подобро сами да излезат на избори отколку да им дадат толку пратеници на помалите партии од коалицијата.
