ДУИ ќе го поддржи законот за амнестија, од СДСМ не коментираат, ја чекаат конечната верзија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законот за амнестија се уште не поминал во Влада. На владината седница беше одлучено законот да се усогласи со другите институции и потоа да биде испратен на одобрување во Собранието, велат од Министерството за правда. Пратеничката група на ДУИ го поддржува законот за амнестија. Арбр Адеми рече дека законот има позитивна цел, притоа додавајќи дека ова решение не предвидува амнестија за тешки кривични дела.

-Од она што првично го видовме, причината е што сите координатори на пратенички групи имаат добиено ваква електронска пошта, таков нацрт. Станува збор за похуман пристап, похуман за сите осуденици со оглед на тоа што затворите се преполни и целта е во насока на подобри услови за останатите осуденици кои треба да ја одлежат казната. Значи не се работи за, како што се зборува во јавноста, за луѓе кои извршиле убиства, тешки кривични дела, за луѓе кои се инволвирани во случаите што ги покрена Специјалното обвинителство, значи не станува збор за тоа-вели Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ.

Но, СДСМ не го коментира законот. Велат дека кога ќе заврши целиот процес ќе се изјаснат дали го поддржуваат законот или не.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не го поддржуваат законот бидејќи според нив власта ги амнестира само криминалците, а не и оние што ја сакаат државата, алудирајќи на осудените за настаните од 27 април, за кои неговата партија бара амнестија веќе подолго долго време.

Инаку, законот за амнестија предвидува лицата осудени на затвор до шест месеци целосно да бидат ослободени од издржување на казната, додека лицата осудени на затвор над шест месеци да им се намали казната за 30% , синоќа не доби зелено светло од владиниот кабинет.