ДУИ ќе „попушти“ за Струга, ако се кандидира Села – Азири: Села е лидер на иднината на Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека владеењето на правото е предуслов за економски развој и затоа институциите треба да почнат со спроведување на програмата со која Владата ја доби довербата на граѓаните, пратеникот на албанската опозиција, Елми Азири, му порача дека мандатот не го добиле туку го земале.

– Не сте го добиле мандатот, сте го земале…

– Што сме направиле?

-Сте го земале мандатот, не сте го добиле…

– Сме го земале?! Сега ќе дојдат избори во текот на годинава . . .

-Сите параметри покажуваат дека имаме хибриден систем, заробен систем…

-Повторно ќе имам избори годинава и ќе видиме уште еднаш…

Така да од економија, дебатата премина во политика. Иако локалните избори треба да се одржат на есен, уште сега политичките партии почнале некаков вид предизборна кампања.  Бектеши му рече на Азири дека ДУИ ќе попушти во Струга доколку се кандидира за градоначалник лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

-Можеби ќе ви ја препуштаме Струга единствено ако се кандидира вашиот лидер поради тоа што како што велат „Трето, па машко“ и можеби овој пат ќе има среќа и ќе победи.

-Ја банализираш дебатата Крешник…

-Епа сега, земавте, крадевте, направивте…

-Ја банализираш дебатата…

-Дали победи во Куманово? Таму немаше крадење на гласови?

-Едно нешто ќе ти кажам! За да служи и за друг пат…

-Да, ќе ви ја препуштаме, не е проблем…спремни сме и за соработка…

-Нема потреба ништо да препушташ…

-Ајде со среќа, каква соработка?

-Со оглед на тоа дека постојано победуваме…

-Зијадин Села е лидер на иднината на Албанците. На Зијадин Села не можеш ништо да му препушташ, ниту да му земеш…

Кој победи, а кој не, Бектеши рече дека тоа е докажано на последните локални избори, а за ова Азири рече дека сè е направено со манипулации. Министерот од редовите на ДУИ фрли сомнежи дека отсега се забележува дека постои некаква коалиција меѓу Алијансата за Албанците и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а за тоа пратеникот на АА рече дека ВМРО-ДПМНЕ станала опсесија. Сепак, додаде дека е можна таква коалиција, но коалиција со принципи, а не како што вели, како што беше случајот на коалицијата ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ.