ДУИ на Мицкоски му ја нуди премиерската функција – ВМРО-ДПМНЕ: Со излегувањето на ДУИ, не важи договорот СДСМ-ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ е подготвена да го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ премиерското место во последните 100 дена од Владата, доколку Мицкоски тоа го бара како услов за уставни измени. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во „Клик плус“ изјави дека се откажуваат од било каков договор само за да се изгласаат уставните измени.

„Владата е многу поголема од една премиерска функција. Ние сега правиме компромис за Уставот, нема да дозволиме никаков изговор. Доколку Мицкоски вели дека го сака и премиерското место до избори, и тоа ќе му го дадеме. Уставните измени се најважни, не знам на кој начин да им објаснам на луѓето каква шанса испуштаме.“, рече Османи.

Но пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, рече дека ДУИ оди во опозиција и не е во состојба да поставува услови.

Главно ветување во текот на предизборната кампања на ДУИ беше премиер Албанец. Дури во тоа време премиерот имаше и име, Насер Зибери, кој импровизираше владина седница со која тој претседаваше. По договорот, Заев – Ахмети, се согласија ДУИ да ја преземе премиерската функција само последните 3 месеци од Владата.