Арбен Таравари, кој е дел од Владата и министер за здравство реагираше на веста за објавување на двата модели кои ги испитуваат меѓународните експерти и авторите на Охридскиот договор, ангажирани од ДУИ, јавува ТВ21.
„Интересно е како ДУИ по 22 години за прв пат денеска се сеќава какво би било адекватно територијално решение за Македонија. Не доцни 1 или 2, туку 22 години… ДУИ пропаѓа и во опозиција…“, напиша Таравари на Фејсбук.
ТВ21 во текот на денот објави дека меѓународни експерти и авторите на Охридскиот договор, ангажирани од ДУИ, испитуваат два модели на изразување незадоволство од нарушувањето на волјата на народот.
Моделите се оние на Белгија и Северна Ирска, кои предвидуваат поделба на државата врз основа на региони.
