Европската Унија утре ќе ѝ исплати 3,3 милијарди евра на Украина, наменети за набавка на ракети и беспилотни летала. Ова во четвртокот го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Ројтерс.
Фон дер Лајен ја сподели веста на социјалната мрежа „Икс“ (X). „Штотуку разговарав со претседателот Зеленски. Утре ќе исплатиме 3,3 милијарди евра за ракети и беспилотни летала во Украина“, напиша таа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја спомена новата исплата во својата објава на „Телеграм“. Тој разговорот со претседателката на Комисијата го опиша како „многу продуктивен“ и додаде дека се фокусирале на „клучните чекори за отпорноста на нашата одбрана“, што ги вклучува и прашањата поврзани со финансирањето.
