ДУИ, сама или со АА на Села на избори? – Се анализираат носителите! Во комбинација Зејди, Хоџа и Исмаили?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ се уште прави анализи како да настапи на изборите, дознава ТВ21 од внатрешни извори на партијата. Интегративците анализираат дали треба да излезат сами на изборите или заедно со АА на Зијадин Села, со ЕДП на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи. Според изворите, на оваа коалиција може да и се придружи и Аднан Исмаили.

„Г. Села сигурно ќе ја дискутира одлуката и неговата конечна определба за тоа за што ќе се определи. Моето мислење е дека г. Села треба да распише референдум во неговата партија, дали ќе излезат како автономна партија или ќе му се придружат на Европскиот фронт“, порача Али Ахмети.

Но претседателот на АА, Зијадин Села за порталот Калѕо.ком рече дека и натаму е на ставот дека ќе одат сами на избори.

„Зијадин Села додека зборуваме во однос на ДУИ, е на истата позиција. Коалицијата со ДУИ не ја направи Зијадин СЕла како претседател, туку Арбен Таравари…ние продолжуваме да сме на истиот став дека АА ќе оди сама а избори“, вели Зијадин Села.

Сепак, анализите се во тек, а доколку евентуално се реши да се оди заедно со ДУИ на избори, извори за ТВ21 велат дека се разговарало Зијадин Села да биде носител на листа во ИЕ 5, додека пратеничката Илире Даути биде трета на листата во ИЕ 6 но во овој случај останува дилемата како би се позиционирал Рамиз Мерко, актуелниот градоначалник на Струга.

И во оваа трка Муса Џафери инсистира да биде носител на листата во ИЕ 5.

Во меѓувреме, според истиот извор, својата амбиција ја искажал Блерим Беџети, носител на листа во ИЕ 1, но името на Талат Џафери се споменува  во ДУИ за оваа зона.

Блерим Беџети за ТВ21 изјави дека доколку партиските органи одлучат за неговото име, тоа ќе го разгледа како можност.

Доколку гореспоменатите партии решат заедно да излезат на избори, во зона 2 се шпекулира дека на списокот може да се најдат и Скендер Реџепи Зејди и Аднан Исмаили. Во зоната 2 се вели дека интерес пројавил и Бастри Бајрами од ЕДП, додека за претседателот на оваа партија Арјанит Хоџа се разговарало да се натпреварува во ИЕ 6.