ДУИ се уште не знае кој Албанец ќе биде премиер?! Зибери: Не е важно името, туку идејата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За Насер Зибери, кандидат на ДУИ за премиер, кој сега е избран за Народен правобранител, не е важно дали тој или пак некој друг ќе седне во премиерската фотелја во последните 100 дена од Владата. Според него, поголема улога игра идејата, отколку поединецот.

-Не е важно дали ќе бидам јас или пак некој друг, важно е премиерот да биде Албанец-рече Зибери.

Одлуката за тоа кој ќе биде премиер во последните три месеци од Владата, според Зибери, треба да ја донесе ДУИ и Ахмети како претседател на партијата.

-Во еден одреден момент, овој субјект, г.Ахмети ќе донесе соодветна одлука.

Но, токму ова прашање сѐ уште не е решено, бидејќи ДУИ засега не открива кој кандидат ќе биде премиер. На ова тема имаше и превирања меѓу интегративците Изет Меџити и Артан Груби.

-За ова мислам дека треба да го прашате г.Груби околу тоа каков е договорот и дали г.Насер Зибери во тие 100 дена ќе биде премиер, ако не биде, зошто нема да биде и кој всушност ќе стане првиот премиер Албанец во РСМ?-прашува Меџити.

По ова, Меџити запрашан од ТВ21 негираше дека станува збор за лапсус и повтори дека одговорот треба да го даде Груби, кој како што вели, го промовирал наводниот историски договор.

Истовремено го повика вицепремиерот да се соочи со одговорноста што ја преземал, а не да се крие зад претседателот Ахмети.