„ДУИ страда од гостиварскиот комплекс“ – Таравари вели дека интегративците испловуваат таму секогаш кога има избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ избега од етничка битка преминувајќи кон мултиетнички концепт, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши при отворањето на штабот на ВРЕДИ во Струга.

„ДУИ како главна партија која победуваше на изборите 22 години, да го напушти етничкиот кампус и да премине во мултиетнички. Јас мислам дека се уште се води битка во албанскиот национален кампус и требаше на овие избори да се води битка меѓу двата етнички концепта во албанскиот кампус власт-опозиција и тој што ќе победи да ги застапува Албанците“, вели Африм Гаши.

Лидерот на ДД, Изет Меџити истакна дека сега единствениот албански табор е тој каде што претседател е Арбен Таравари.

„Единствен албански табор е тој во кој претседател е Арбен Таравари. Мислам дека ако во 2007 година беше постигнат договор за формирање на победничката албанска влада со македонскиот победник, овој договор беше раскинат во 2016 година и добро е што беше прекинат бидејќи тоа беше стратешки интерес“, вели Изет Меџити.

Претседателот на Беса Биљал Касами изјави дека лидерот на Интегративците,Али Ахмети целосно ја изгубил контролата.

„Али изгледа целосно ја изгуби контролата и вели дека сите заедници се бореле во 2001 година и доаѓајќи овде со мојот пријател Фатмир, тој постави многу логично прашање, тој рече види кои се убиените, види кои се ранети се и ќе видите кој се борел 2001 година“, порача Биљал Касами.

Арбен Таравари, кандидат за претседател, нагласи дека секогаш кога се одржуваат избори, ДУИ испловува во Гостивар.

„Се сетив на Фројд, Фројд е психолог, тој беше невролог, но се занимаваше со психологија… од Виена, една од најдобрите студии беше за комплексите. Анализираше зошто одредени луѓе постојано се селат на одредено место, зошто толку често користат еден збор, а јас се сетив на „гостиварскиот комплекс“. Првиот албански премиер од Гостивар, претседателот на Собранието од Гостивар, претседателот на ИВЗ од Гостивар, сите потпишувања на договори во Гостивар, полека ќе го развиваме политичкиот туризам во Гостивар“, вели Арбен Таравари.

Овде зборуваше и советникот на на Косово, Беким Ќоку од Движењето Самоопределување, кој ги нарече безначајни политички фигури оние кои коалицираат со ДУИ.