Дурмиши: Во фокус е обновувањето на економијата – „ќе бараме ревизија за да видиме како функционирала минатата власт“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Подобрување на животниот стандард, нови работни места, креирање мерки и политики за вработување, заживување на економијата и нови инвестиции се дел од ветувањата на новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, во своето прво појавување пред медиумите. Според Дуримиш, фокусот ќе остане на микро, малите и средните компании кои се побројни. За истото вети зголемени финансии и мерки.

Дурмиши во наредниот период најави дека ќе поднесе барање до Државното ревизорско тело за целосна ревизија на работата на Министерството за економија, за да се види, како што рече, како работела претходната влада.

Министерот додаде дека ќе се фокусира на целосна инфраструктурна и логистичка поддршка на индустриските зони и оти при донесувањето на сите законски одлуки ќе бидат консултирани странските инвеститори, бизнис секторот и работодавачите.