Англија на пенали ја совлада Швајцарија и се пласираше во полуфиналето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекцијата на Англија е третиот полуфиналист на Европското првенство во Германија, откако на пенали денеска ја совладаа селекцијата на Швајцарија со 5-3, откако во регуларниот дел беше 1-1.

Емболо на 15 минути пред крајот ги шокираше Англичаните со гол, но Сака веднаш врати и израмни во 80. минута.

Немаше голови ниту по продолженијата, а потоа се премина кон пеналите. Таму, Англија ги погоди сите пет, додека во првата серија Пикфорд му го одбрани ударот на Аканџи, и тоа се покажа како клучен момент за победата на Англичаните.