Два силни земјотреси утрово ја погоди Хрватска. Првиот се случил во 06:28 часот, а вториот 07:49 часот. Двата биле со епицентар на 50-тина километри југоисточно од Загреб.
Првиот бил со јачина од 5,2 степени, додека вториот од 5,0 степени. Најмногу се почувствувал во Сисак, но и во Загреб. Имаше и трет потрес, со послаб интензитет од 4,1 степен нешто пред 8 часот.
Пожарникарите примиле неколку повици за помош и веднаш интервенирале. Неколку куќи биле оштетени, особено оние од постара градба.

Испукале и ѕидовите во болницата во Сисак, и неколку куќи и згради во Петриња. Претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ денеска ќе отидат во Петриња на посета, кој е најмногу погоден од двта земјотреси.
Се појави и видео од безбедносна камера.
