Јапонскиот архипелаг Изу денес беше погоден од земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 457 километри и на 486 километри од градот Хамамацу.
Пред овој, Јапонија беше погодена од уште еден земјотрес, со интензитет од 4,9 степени, источно од островот Хокаидо.
Епицентарот на тој земјотрес бил исто така на отворено море, на длабочина од 10 километри, на 193 километри од градот Кушир.
Засега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.
