Двајца битолчани и еден велешанец на бродот кој е под карантин – кај еден е потврден коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкупно три лица македонски државјани се присутни на бродот „Diamond Princess“ во Јокохама, Јапонија кој се наоѓа во карантин поради коронавирусот.

Најновите информации се дека е потрврдено присуство на коронавирусот кај еден македонски државјанин.

ТВ21 од свои извори дознава дека од тројцата македонски државјани, еден е од Велес, а двајца од Битола.

Засега не е познато од каде доаѓа лицето кое е заразено со коронавирусот.

Министерството за здравство денеска потврди дека по добиените нови информации, кај еден наш државјанин е присутен коронавирусот.