Двајца спортисти од иста држава заразени со коронавирус во олимпиското село

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Организаторите на Олимписките игри во Токио соопштија денеска дека во олимпиското село се регистрирани два случаи на зараза со коронавирус меѓу спортистите.

Нивните идентитети не се објавени, а како што се наведува во соопштението, станува збор за двајца олимпијци од иста држава, кои се натпреваруваат во иста дисциплина и биле позитивни на тестирањата.

Ден претходно беше регистриран првиот заразен со Ковид-19 во олимпиското село, вклучен во организација на Игрите, чија националност не е соопштена.

Во олимпиското село ќе биде сместени најголем дел од 11.000 олимпијци, а натпреварувањата ќе се одржуваат без присуство на гледачи и под строги ограничувања, што вклучуваат секојдневни тестирања на спортистите, волонтерите, акредитираните новинари и лицата вклучени во организација на Олимписките игри.