Премиерот Христијан Мицкоски повторно го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.
Мицкоски рече дека доколку опозицијата има барање во Собранието за одржување предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ позитивно ќе одговори и ќе ги добие изборите.
„Дали ќе има предвремени избори? Јас веќе одговорив на ова прашање. Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните за да го води целиот четиригодишен мандат. Имаме редовни избори закажани за април 2028 година. Опозицијата, доколку поднесе барање во рамките на Собранието, еве, имаме обединета опозиција. Тука е коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата предводена од СДСМ и Левица во рамките на Собранието. Ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе одржиме избори и ќе ги победиме“, рече Мицкоски.
