Две лица загинаа во силното невреме што зафати повеќе департмани во Франција, соопшти денеска извор близок до властите.
Во местото Сен Викториен, во департманот Горна Виена, жена загинала откако врз неа паднало дрво, додека во местото Доломје, во департманот Изер, маж бил пронајден мртов во работилница која изгорела по удар на гром, пренесува „Фигаро“.
Поради бурите и опасноста од крупен град, 30 департмани во централна и источна Франција биле ставени под портокалово предупредување.
