Почина еден од тројцата пациенти кои беа хоспитализирани во клиничката болница во Нови Сад, и останаа уште двајца. Нивната состојба и натаму е критична, но се свесни и комуницираат, главно со психолози, јавува Нова.рс
„Што се однесува до другите две лица кои се уште се во Клиничкиот центар во Војводина, се работи за млад човек и уште едно женско лице, се уште се во критична состојба, но се свесни, со нив комуницираат главно психолози кои се достапни и на нивните семејства, со оглед на тоа што секојдневно се со нив“, велат од Клиничкиот центар на Војводина за ТВ Блиц, пренесува Нова.рс.
Вчера почина пациентката која беше во најтешки повреди, и таа беше 15-та жртва од несреќата во Нови Сад која се случи на 1. ноември, кога се сруши настрешницата.
