Две блокади на Евзони и денеска, сообраќајот во целосен прекин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони со две четиричасовни блокади, поради што сообраќајот кон и од Грција ќе биде целосно во прекин од 11 до 15 и од 17 до 21 часот по македонско време. Блокадите траат речиси еден месец и се дел од протестите поради високите трошоци за производство и неисплатените земјоделски субвенции.

Се очекува блокадите да бидат тргнати од утре до петок поради новогодишните празници, а земјоделците в сабота на заеднички состанок да одлучат за понатамошните чекори.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази надеж дека во празничниот период ќе се олесни патувањето и порача дека продолжувањето на блокадите ја намалува оправданоста на протестите.